Собранието го укина Законот за поддршка на домашната музичка продукција на предлог на Владата со второ гласање, откако пратениците гласаа два пати бидејќи првото гласање беше неважечко зошто немаше кворум.
На првото гласање поради присуство на помалку од 60 пратеници, спикерот Талат Џафери го прогласи за неважечко гласањето, а потоа следеше второ во кое гласаа сите пратеници и се усвои законот, пишува Фокус.