понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 57
home Хроника

Нема повредени во пожарот во „папагал“ зградата, оштетени неколку станови

Нема повредени во пожарот во „папагал“ зградата, оштетени неколку станови

Пожарот што избувна синоќа во зградата „папагал“ на булеварот „Климент Охридски“ во центарот на Скопје е целосно изгаснат. Повредени нема, опожарен е еден стан, а неколку се оштетени.

Од Противпожарната единица на Град Скопје за МИА информираа дека пожарот избувнал синоќа околу 20:30 часот. Противпожарната единици интервенираше пет возила и 11 пожарникари кои прво го локализираа, а околу 23 часот и целосно го изгаснаа пожарот.

Повредени нема. Изгорен е станот во кој избувна пожарот, а неколку соседни станови се оштетени.

Според првичните сознанија, причина за пожарот била плинска боца.

Коронавирус