среда, 7. декември 2022. Вести денес: 167
home Хроника

Нема повредени, само материјална штета во пожарот во викенд населбата во Кавадарци

Нема повредени, само материјална штета во пожарот во викенд населбата во Кавадарци

Локализиран е пожарот во викендичка во викенд населбата кај Кавадарци, во месноста Катуниште и подножјето на висорамнината Витачево.

Од Територијалната противпожарна единица информира дека за среќа, повредени нема. Причинета е само материјална штета, чија висина дополнително ќе се утврдува.

На лице место интервенираа седум пожарникари со три возила.

Од Територијалната противпожарна единица, која во овој период, покрај при пожари, е ангажирана и при дезинфекција и аеродезинфекција во општината, упатија апел до кавадарчани и росоманци да бидат внимателни, се со цел превентивно да делуваат, за да нема појава на пожари.

Qatar 2022