понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Неготинец починал откако испил отров

Неготинец починал откако испил отров

Четириесет и шест годишниот З.С. од неготинското село Тремник вчера попладне бил однесен починат во Медицинскиот центар во Кавадарци бил откако испил одредена количина на отров, информираат од полицијата.

-Од страна на неговиот татко бил однесен во Итната медицинска помош во Неготино, но поради сериозноста на неговата здравствена состојба веднаш бил пренесен во Медицинскиот центар во Кавадарци каде од страна на лекар била констатирана смрт, додаваат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било пренесено во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.

Коронавирус