Во Полициската станица Карпош вчера утрината било пријавено дека Ј.М.(41) од Охрид, која како потстанар живее во Скопје на улицата „Миле Поп Јорданов“, веќе два дена не доаѓала на работа.
-Истата била пронајдена во станот, во бесознание и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде во 14:30 часот починала, информираат од МВР.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.