недела, 5. јули 2020. Вести денес: 99
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Хроника

Не наседнувајте: И се јавиле да и кажат дека ќерка и згазила дете, а за да ја „спасат“ мора да им даде пари- истото и го сторила!

Не наседнувајте: И се јавиле да и кажат дека ќерка и згазила дете, а за да ја „спасат“ мора да им даде пари- истото и го сторила!

На 16.05.2020 во 18.00 во СВР Куманово, Д.Р.(70) од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 1.050 евра.

Според пријавеното, околу 13.00 часот ѝ се јавило машко лице кое ѝ кажало дека ќерка ѝ направила сообраќајна незгода и згазила дете, а дека само тој како очевидец можел да ја спаси ќерка ѝ да не оди во затвор, доколку му даде пари.

Исто така, според пријавеното, лицето ѝ кажало дека ќерка ѝ има скршена вилица и не може да зборува.

Таа му поверувала и околу 16.00 часот излегла пред зградата каде што живее и му ги дала парите.

Според пријавата, веднаш потоа се јавила ќерка ѝ, по што Д.Р. заклучила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Парламентарни избори 2020