среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 184
home Хроника

Не ги почитувале препораките во угостителски објект, па ја нападнале полицијата

Не ги почитувале препораките во угостителски објект, па ја нападнале полицијата

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д. (20) и А.Д. (22) двајцата од  с.Желино, тетовско, за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На  16.11.2020 во 21:45 часот,  во с.Желино, од страна на полициски службеници била извршена контрола во угостителски објект, сопственост на пријавените, во врска со почитување на мерките и протоколите со цел спречување на ширење на ковид-19, при што угостителскиот објект бил отворен, а во него биле затекнати други лица.

Притоа, пријавените почнале агресивно да се однесуваат кон полициските службеници кои вршеле службени дејства.  А.Д. и А.Д. биле  приведени во СВР Тетово.

Коронавирус