петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 138
home Хроника

Насилство во Липково

Насилство во Липково

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.С.(35), С.С.(37), Е.И.(49) и Б.С.  (33) сите од с.Никуштак – Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“.

На 15.04.2020 во с.Никуштак додека пријавените извршувале земјоделски работи, со патничко возило наишол Е.А. од с.Никуштак заедно со неговиот малолетен син, кој излегол од возилото по што пријавените почнале вербална расправија со него, а потоа и физички го нападнале нанесувајќи му телесна повреда.

Е.А. бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Локални избори 2021