сабота, 28. март 2020. Вести денес: 32
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Насилен маж од струшко правел хаос низ цел град

Насилен маж од струшко правел хаос низ цел град

На 26.02.2020 во 16:00 часот, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода Б.Х.(40) од с.Радолишта, струшко, поради тоа што претходно во бутик во Струга физички го нападнал Н.Х.(21) од с. Радолишта. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во соопштението од МВР се појаснува дека на 26.02.2020, Б.Х.(40) од с.Радолишта, струшко, пријавил дека Б.Х. ја оштетил влезната врата и искршил и стакла на два прозорци на неговата куќа во с.Радолишта. Истиот ден, во Полициската станица Струга било пријавено дека Б.Х. и неговиот син Л.Х. со метална шипка искршиле две стакла од излог на бутик на ул.„Маршал Тито“ во Струга, сопственост на Б.Х.(40), при што извршиле претурање и оштетиле неколку предмети во бутикот.

Увид извршила увидна екипа на Полициската станица Струга. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите.