среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 73
home Хроника

Нарушен јавниот ред и мир во Дебар и Центар Жупа- пријава за неколку лица

Нарушен јавниот ред и мир во Дебар и Центар Жупа- пријава за неколку лица

Јавниот ред и мир по полноќ го нарушиле две лица од Дебар, против кои, по целосно документирање на настанот, полициската станица од општа надлежност ќе поднесе соодветна пријава.

-Денеска во 1:20 часот, на улицата „ Братство единство“ во Дебар, нарушен е јавниот ред и мир, со физички напад извршен од А.К. врз А.М.(26), двајцата од Дебар, потврди Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Претходно полициската станица од општа надлежност во Дебар, соопшти дека лицето Ш.Ч. од гостиварското село Врапчиште и Л.Б. од Дебар на улица „8 Септември“ го нарушиле јавниот ред и мир.

Јавниот ред и мир беше нарушен и во Центар Жупа. Според полициската канцеларија во Центар Жупа, А.Ј.(21) од селото Праленик, пријавил дека бил физички нападнат од Е.Е. од истото село.

Коронавирус