петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 201
home Хроника

Нападнати три лица од Кратово во казино во Крива Паланка

Нападнати три лица од Кратово во казино во Крива Паланка

Во казино во Крива Паланка синоќа физички биле нападнати три лица. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, нападот го пријавил 33-годишниот З.А. од село Страцин.

–На 23 септември 2021 во 22.06 часот, во Одделението за внатрешни работи Крива Паланка било пријавено дека е извршен физички напад врз тројца млади од кратовското село Страцин. Нападот го пријавил 33-годишниот З.А. од Страцин, кој пријавил дека врз него и неговите пријатели – 30- годишниот С.М. и М.М. е извршен физички напад, информира Ивана Младеновска, портпарол на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Посочи дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Локални избори 2021