петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 124
home Хроника

Нападнати двајца обезбедувачи по расправија во бутик во Скопје

Нападнати двајца обезбедувачи по расправија во бутик во Скопје

Во 22 часот во Скопје на раскрсницата на булевар „Партизански Одреди“ со улица „Љубљанска“, вчера биле нападнати две лица.

Љ.Г. (34) и П.М. (29) од Скопје, биле физички нападнати од три лица. Тие со возило на итна медицинска помош се пренесени во комплекс клиники “Мајка Тереза” каде им се констатирани телесни повреди, пренесе МВР.

Причина за нападот била претходна расправија во продавница за алишта, каде оштетените работат како обезбедување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.

Коронавирус