недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 93
home Хроника

Нападнат вработен на комплексот клиники „Мајка Тереза“

Нападнат вработен на комплексот клиники „Мајка Тереза“

Вчера во полициската станица бил пријавен физички напад што се случил на комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Случајот го пријавил 61-годишен кумановец со иницијали Ж.Ј., кој пред полициските службеници кажал дека околу 10.20 часот, додека извршувал службени задачи на скопската клиника, физички бил нападнат од едно лице.

МВР во дневниот билтен наведе дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.