среда, 26. септември 2018. Вести денес: 104
home Хроника

Нападнат полицаец во Берово

Нападнат полицаец во Берово

Вчера во 23:30 часот,  при преземање на службени дејствија за регулирање на сообраќајот од страна на полициски службеници од Полициска станица Берово пред угостителски објект на раскрсницата помеѓу улица „Јулија Веселинска“ и улица „Гоце Делчев“ во Пехчево, забележале  застој во сообраќајот и патничко моторно возило „БМВ“ кое било оставено на улица и работело, додека лицето кое го управувало А.М.(28) од Пехчево бил во угостителскиот објект.

Откако на лицето му било укажано да го тргне возилото истиот им упатил навреди на полициските службеници по што во еден момент започнал да влече еден службеник за кошулата.

Лицето е приведено, извршено му е алкотеститање и е утврдено присуство на алкохол во организмот по што му е укажана лекарска помош во Здравствен дом Берово. Потоа, А.М. е задржан во Полициска станица за понатамошна постапка.