сабота, 14. декември 2019. Вести денес: 19
Во живо

ВО ЖИВО: Прес-конференција на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски

home Хроника

Нападите на млади лица продолжуваат: Пет момчиња во Дебар претепале двајца сограѓани

Нападите на млади лица продолжуваат: Пет момчиња во Дебар претепале двајца сограѓани

На 15.07.2018 година околу 2:50 часот во Дебар на улица „8 Септември“, додека Г.Е.(20) од Дебар бил со неговите другари Ч.Б.(19) и О.А.(21) сите од Дебар, физички биле нападнати од страна на пет лица од Дебар.

На Г.Е. му е укажана лекарска помош во Медицински центар Дебар од каде е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје.

Во 3:40 часот во Полициска станица Дебар сами се пријавиле лицата К.К.(27), И.В.(23), Ц.В.(22) и Х.Б.(25) сите од Дебар, по преземени мерки приведено е и лицето К.К.(21). По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.