четврток, 4. март 2021. Вести денес: 68
home Хроника

Напад во казино во Кавадарци

Напад во казино во Кавадарци

Четириесет и осумгодишно лице пријавило физички напад во казино во Кавадарци, информираше портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

– Рано утрово во 00:35 часот во Полициската станица Кавадарци, В.К. пријавил дека околу 23:10 часот, додека бил на работно место како обезбедување во казино во Кавадарци, бил физички нападнат од И.Т. (40), појасни Додевски.

Тој додаде дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коронавирус