недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Наместо на журка завршиле во станица- на пет малолетници им се точело алкохол, а лишен бил и сопственикот кој поседувал прашкаста материја

Наместо на журка завршиле во станица- на пет малолетници им се точело алкохол, а лишен бил и сопственикот кој поседувал прашкаста материја

Во периодот од 23.20 часот на 10.10 до 00.30 часот на 11.10.2020, полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект на ул.„Борче Кочовски“ во Тетово, сопственост на П.Д.(23) од Тетово.

Притоа, во објектот на една маса, со сопственикот биле затекнати уште девет лица, од кои пет малолетници, кои биле послужени со алкохолни пијалаци.

Во присуство на Јавен обвинител, инспектор за малолетници и социјален работник биле извршени прегледи на сопственикот П.Д. и на М.М.(20), Д.Д.(18), А.Т.(21), С.Ј.(25) и пет малолетнички на возраст од 16 години, сите од Тетово, при што кај сопственикот била пронајдена прашкаста материја.

Во координација со Јавен обвинител сите 10 лица биле лишени од слобода, а биле известени и родителите-старателите на малолетничките. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус