понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 28
home Хроника

Наместо да биде затворен угостителскиот објект, внатре имало 34 гости

Наместо да биде затворен угостителскиот објект, внатре имало 34 гости

Одделение за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Б.(31) од село Неготино, гостиварско сопственик на угостителски објект, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“.

На 05.01.2021 при извршена контрола во село Неготино, гостиварско, во врска со почитување на одлуките, мерките и протоколите на Владата на Република Македонија, со цел спречување на ширење на коронавирусот и заштита на јавното здравје со кое работното време на угостителските објекти се ограничува до 18:00 часот, од полициски службеници од ПС Гостивар било констатирано дека објектот работел и после пропишаното време и  биле затекнати 34 гости.

Извршен бил увид на местото на настанот, додека од страна на Државен пазарен инспекторат локалот е пломбиран.

ЕУРО 2020

Македонија