вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 39
home Хроника

Најнови детали за авионската несреќа, увидот е во тек…

Најнови детали за авионската несреќа, увидот е во тек…

Екипи на МВР и на Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) заедно со јавен обвинител во моментов вршат увид на местото на авионската несреќа во која загина четиричлено семејство од Бугарија, информираат за МИА од МВР.

Акцијата беше прекината доцна синоќа поради лошите временски услови и непристапниот терен.

Портпаролот на МВР Тони Ангеловски синоќа на прес-конференција рече дека авионот Цесна за кој во 16:16 часот беше пријавено дека се изгубил од радар, а полетал од Охрид за Софија, од припадници на МВР бил лоциран нешто по 19 часот на околу пет километри северозападно од Солунска глава.

Тој посочи дека од Охрид полетале четири лица, државјани на Република Бугарија, меѓу кои и едно малолетно лице.

Лоцирани биле од воздух, но временските услови на локацијата биле лоши, па и покрај сите обиди да се пристапи до авионот, тоа синоќа било невозможно поради непристапниот терен.

Загинатите лица се родени 2000, 2005, 1970 и 1972 година. Медиумите во Бугарија објавија дека загинатите се Георги Бошнаков, неговата сопруга Калина и двете ќерки.

Коронавирус