понеделник, 16. декември 2019. Вести денес: 49
home Хроника

Најнови детали од МВР: Три стана целосно пеплосаа во пожарот во Кисела Вода- тројца повредени пожарникари

Најнови детали од МВР: Три стана целосно пеплосаа во пожарот во Кисела Вода- тројца повредени пожарникари

Вчера во 14:25 часот во СВР Скопје било пријавено од Бригадата за противпожарна заштита Скопје дека на улица „Народни херои“, во стан сопственост на МС.(58) избувнал пожар. Од пожарот биле зафатени уште два стана и тие биле целосно опожарени, а оштетени биле повеќе станови од чад и вода при гаснењето.

Пожарот бил изгаснат во 17:25 часот од Бригадата за противпожарна заштита. Со возило на Итна медицинска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ биле пренесени шест лица – станари на зградата поради вдишување на чад. Исто така, во комплексот клиники „Мајка Тереза“ биле пренесени и тројца пожарникари поради вдишување на чад. Увид ќе се врши во текот на денот.