сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 62
home Хроника

НАЈНОВИ ДЕТАЛИ: Две лица загинаа, уште двајца тешко повредени во стравичната сообраќајка кај Три Чешми

НАЈНОВИ ДЕТАЛИ: Две лица загинаа, уште двајца тешко повредени во стравичната сообраќајка кај Три Чешми

Две лица загинаа, а двајца се потешко повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнево во 14 часот и 15 минути на магистралниот пат Штип – Велес кај приградската населба Три Чешми.

Според самостојниот сообраќаен инспектор во СВР-Штип, Владо Петров директно се судриле шлепер со полуприколка со српски регистарски таблички и камион натоварен со дрва.

Двајцата возачи, едниот од Србија и другиот од Штип, загинале на лице место, а сопатниците кои биле во камионот здобиле тешки телесни повреди и се хоспитализирани во штипската Клиничка болница и се надвор од животна опасност.

Во тек е увид на местото на несреќата, а сообракајот се пренесочува по стариот регионален пат Штип – Велес.

Коронавирус