сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 32
home Хроника

Најдена неексплодирана граната во Берово

Најдена неексплодирана граната во Берово

Околу 13.25 часот во Полициската станица Берово, 62-годишниот Ј.К. од селото Русиново, беровско, пријавил дека во атар на Берово, на место викано „Суви Лаки“, во негова нива пронашол неексплодирана стара граната калибар 75мм непозната марка.

Увид бил извршен , а од стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била подигната за понатамошна постапка.