среда, 28. јули 2021. Вести денес: 178
home Хроника

Над 60 мигранти фатени во камион на патот Неготино-Скопје

Над 60 мигранти фатени во камион на патот Неготино-Скопје

Шеесет и еден мигрант вчера е откриен во камион со скопски регистарски ознаки на автопатот Неготино – Скопје, во близина на надвозник Виничани.

Околу 19 и 30 часот било пријавено дека од камион излегувале поголем број лица. По ова полициски службеници излегле на местото и во близина на возилото пронашле 61 мигрант, и тоа 45 од Пакистан, девет од Авганистан, од Бангладеш шест и еден од Индија.

За настанот е известен јавен обвинител, а мигрантите биле пренесени во Прифатниот центар „Винојуг“ Гевгелија и Прифатниот центар за странци во Скопје за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за расчистување на случајот.

Коронавирус