вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Хроника

Над 130 казни за непрописно паркирање во Скопје

Над 130 казни за непрописно паркирање во Скопје

Сообраќајната полиција изминатите 24 часа напишала 133 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 84 возила, покажува денешниот билтен на СВР Скопје.

Од сообраќај исклучени се 20 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и еден возач почетник, како и 15 нерегистрирани возила и едно возило кое било претоварено. Санкционирани се и 36 возачи кои возеле побрзо од дозволеното.

Изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје се случиле вкупно седум сообраќајки од кои во четири се повредени пет лица, а во три е причинета материјална штета.

Полицијата санкционирала и 20 возачи кои зборувале на мобилен телефон и 15 возачи кои не носеле сигурносен појас. Санкционирани се и девет возачи кои поминале на црвено светло, пет возачи кои не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, како и 11 возачи за неправилно престројување. Според полицискиот билтен, регистрирани се и четворица возачи на мотор, мопед или мотоцикл кои не носеле заштитен шлем.

СВР Скопје информира дека денеска во рамки на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе се реализираат едукативни работилници со ученици од второ и четврто одделение во ПОУ „Рајко Жинзифов“, а во текот на вчерашниот ден е реализирана посебна сообраќајна мерка со возачи кои направиле прекршоци по разни основи.

Коронавирус