понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 152
home Хроника

Началник на СВР Струмица испукал куршум додека го чистел пиштолот

Началник на СВР Струмица испукал куршум додека го чистел пиштолот

Началникот на СВР Струмица, В.Т., пред два дена во својата канцеларија додека го чистел службениот пиштол, од невнимание испукал еден куршум.

Од МВР информираат дека куршумот завршил во долниот дел помеѓу паркетот и лајсната. За време на настанот, началникот бил сам во канцеларијата.

Повредени лица нема, а за настанот е известен одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди поради расчистување на случајот.

Коронавирус