среда, 8. декември 2021. Вести денес: 59
home Хроника

На територија на СВР Велес казнети 36 возачи за брзо возење

На територија на СВР Велес казнети 36 возачи за брзо возење

Денеска (03.10.) полициски службеници од СВР Велес спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Велес, при што санкционирани се 36 возачи. Од нив, осум возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а еден со дури над 70 километри на час над дозволеното. 17 санкции се изречени на територија на Велес, а 10 на територија на Кавадарци, а девет на територија на Неготино.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Коронавирус