недела, 19. септември 2021. Вести денес: 64
home Хроника

На територија на СВР Тетово казнети 52 возачи

На територија на СВР Тетово казнети 52 возачи

Денеска (24.07.) од 07 до 13 часот полициски службеници од СВР Тетово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Тетово, при што санкционирани се 69 возачи. Од нив 36 на територија на Тетово, а 33 на територија на Гостивар. 52 возачи возеле со над 50 километри на час над дозволеното, а седуммина со дури 70 километри на час над дозволеното.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Коронавирус