вторник, 4. октомври 2022. Вести денес: 48
home Хроника

На скопјанец му го украле автомобилот, па си го „најде“ во Вардар

На скопјанец му го украле автомобилот, па си го „најде“ во Вардар

На 29.01.2018 година во 13.28 часот во Единицата за информации и команда Скопје било  пријавено дека во реката Вардар, во правец на последна автобуска постојка на линијата „5“ кај паркот Лисиче, имало возило кое најверојатно излетало од патот.

Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба утврдиле дека се работи за патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Н. (54), а кое било пријавено за одземено од пред неговиот дом на ул. „Бриселска“ на 29.01.2018 година во Полициската станица Карпош.

Од екипа од Бригадата за противпожарна заштита возилото било извадено.

Коронавирус