сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 47
home Хроника

На подрачјето на СВР Охрид казнети 14 возачи кои управувале под дејство на алкохол

На подрачјето на СВР Охрид казнети 14 возачи кои управувале под дејство на алкохол

При сообраќајни контроли извршени на подрачјето на СВР Охрид на 17/18.07.2021 година од 21 до 02 часот, полициските службеници констатирале 14 прекршоци од возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-08, Струга-05, Кичево-01).

Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките дозволи и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Сообраќајните контроли во текот на летната туристичка сезона ќе бидат интензивирани, а целта е доследно почитување на сообраќајните правила и прописи и зголемување на сообраќајната безбедност на патиштата.

Коронавирус