сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 61
home Хроника

На подрачјето на Скопје вчера 5 повредени во 12 сообраќајки, пајакот подигнал 62 возила

На подрачјето на Скопје вчера 5 повредени во 12 сообраќајки, пајакот подигнал 62 возила

Пет лица се здобиле со лесни телесни повреди во вкупно 12 сообраќајни несреќи што се случиле на подрачјето на Град Скопје. Во седум од сообраќајките е регистрирана само материјална штета.

Според полицискиот извештај на СВР Скопје, 21 возачи се движеле со поголема брзина од дозволената, 18 возачи биле исклучени од сообраќај, од кои 14 без стекнато право на управување со моторно возило и четворица почетници.

Од сообраќај полицијата исклучила две возила кои биле технички неисправни и 14 возила зашто не биле регистрирани.

Непрописно паркирани биле 110 возила, а пајак службата подигнала 62 возило.

Полицијата санкционирала  четворица возачи кои поминале крстосница на црвено светло и еден возач кој неправилно се престроил.

Коронавирус