недела, 20. септември 2020. Вести денес: 63
home Хроника

На патот Дебар – Струга целосно изгоре автомобил (ФОТО)

На патот Дебар – Струга целосно изгоре автомобил (ФОТО)

На патниот правец Дебар-Струга вчера попладне од сеуште непознати причини на дванаесеттина километри од Дебар се запалил автомобил во движење, но за среќа нема повредени.

-Вчера околу 13:00 часот, на патот Дебар-Струга, во близина на дебарското село Отишани, опожарен е патнички автомобил „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управуван од С.И.(47) од Скопје. Пожарот се појавил во текот на управување, во предниот дел на возилото по што возачот веднаш го сопрел возилот и со сопатникот М.Р.(29) од Скопје, го напуштиле автомобилот кој, набрзо целосно изгорел, изјави за МИА,Стефан Димоски,портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Според очевидци голема среќа е што двете лица од возилото излегле на време,со што е избегната голема трагедија.

-Притекнавме на помош и гасневме со противпожарни апарати,но пожарот наеднаш го зафати целото возило. За рекордно кусо време пристигна и возило на Територијалната противпожарната единца од Дебар но возилото целосно е уништено, вели очевидец.

Од Општата болница во Дебар, потврдуваат дека по добиен телефонски повик екипа на итна медицинска помош била испратена на местото на несреќата. Двете лица биле префрлени во болницата, истите немале повреди само претпрен голем шок. По дадената потребна лекарска помош и престој во болницата од неколку часа се пуштени дома.

Коронавирус