понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 55
home Хроника

На пат кон Крива Паланка во возило откриени 16 мигранти

На пат кон Крива Паланка во возило откриени 16 мигранти

На 13.03.2020 во 22.10 часот на локален пат Св.Николе – Куманово, во населба Доброшане, полициски службеници на Одделот за гранични работи и миграции дале наредба за сопирање на патничко возило „опел зафира“, со струмички регистарски ознаки, но истото со зголемена брзина го напуштило местото на настанот.

Набрзо потоа во близина на бензинска пумпа на патот кон Крива Паланка возилото било најдено запрено, а во него биле пронајдени 16 лица мигранти (13 од Пакистан, двајца од Авганистан и еден од Сирија). Лицата се сместени во ПЦС Скопје и ТЦ Табановце за понатамошна постапка. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Коронавирус