Во текот на вчерашниот ден во полиција биле пројавени два случаи на напади од кучиња скитници на истата улица во општина Гази Баба.
Околу 12 часот, вчера во Полициската станица Гази Баба, Б.М. (64) од Скопје пријавил дека на улицата „Никола Киров-Мајски“ бил нападнат и каснат од куче- скитник во пределот на левата надколеница.
Во истата полициската станица, исто така вчера, С.Ј. (61) од Скопје пријавил дека на улицата „Никола Киров Мајски“ бил каснат од куче- скитник во пределот на десната нога.
loading...