четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 42
home Хроника

На Фејсбук објавувал навреди и закани – кривична пријава за маж од Кичево

На Фејсбук објавувал навреди и закани – кривична пријава за маж од Кичево

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(48) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Во периодот од 28.11.2020 до 09.12.2020, во повеќе наврати, преку интернет на социјалната мрежа „Фејсбук“, од својот личен профил објавувал текстови и фотографии со вознемирувачка, навредлива и заканувачка содржина со што поттикнувал омраза и насилство.

Коронавирус