четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 51
home Хроника

МВР утврди: Битолчанец ги оштетил граничните камења, најавена е кривична пријава

МВР утврди: Битолчанец ги оштетил граничните камења, најавена е кривична пријава

Регионалниот ценатар за гранични работи Југ го расчисти настанот од 23-ти овој месец кога во периодот од 14,00 до 20,00 часот од страна на непознато лице беа оштетени и поместени граничните камења помеѓу Македонија и Грција, соопштуваат од МВР.

-По преземени мерки констатирано е дека сторител на кривичното дело “оштетување туѓи предмети” е Б.М.(36) од с. Гермијан, Битола. Во полициска станица извршен е разговор со Б.М. и тој го признал кривичното дело. Во координација со Основното јавно обвинителство Битола и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава, се наведува во соопштението на МВР.

Коронавирус