понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

МВР утринава пронајде 83 илегални мигранти кај село Смоквица

МВР утринава пронајде 83 илегални мигранти кај село Смоквица

Македонската полиција денеска кај село Смоквица пронајде 83 илегални игранти, од кои 11 малолетни лица, во возило влекач сопственост на фирма и управувано од гевгеличанец.

МВР соопшти дека утрово во 8:10 часот во близина на село Смоквица полицајци од Полициската станица за граничен надзор и гранична контрола „Богородица“ спречиле криумчарење мигранти во товарно моторно возило влекач со гевгелиски регистарски ознаки сопственост на фирма, а управувано од возач Р.Р. од Гевгелија.

Во товарниот простор од возилото пронајдени се 83 илегални мигранти од кои 11 малолетни лица. Десет од малолетните лица се од Пакистан и еден од Авганистан, додека меѓу 72-та полнолетни мигранти четворица се од Ирак, еден од Индија, еден од Авганистан и 66 од Пакистан.

Возачот е обезбеден за понатамошна постапка, а лицата во моментов се ноаѓаат во Прифатниот Центар во Гевгелија, соопшти МВР.

 

Коронавирус