понеделник, 5. јуни 2023. Вести денес: 46
home Хроника

МВР со официјални детали за трагедијата кај „Капитол“

МВР со официјални детали за трагедијата кај „Капитол“

На 24.02.2018 година во Скопје, во 14.40 часот на бул.”Јане Сандански ” во близина на Трговскиот центар “Капитол“ патничко моторно  возило марка  “Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице удрило во пешакот Н.А. (66) од Скопје и веднаш го напуштило  место на несреќата.

Н.A со возило на Итна медицинска помош е префлен во Ургентниот центар при Комплексот клиники “Мајка Тереза“, каде што е констатирана смрт.

Кратко по сообраќајната несреќа, од страна на припадници на едницата Алфа, пронајдено е возилот “пежо“ а идентификуван и пронајден е возачот, станува збор за А.Р (28) од Скопје.

Тој е приведен во ПС Гази Баба. Увид на лице место извршиле ЈО и увидна екипа на СВР Скопје. Од возачот е земен крв и урина за анализа а возилото е однесено на технички преглед. По наредба на ЈО телото на починатиот е предадено за обдукција.