недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

МВР со информации за несреќата во која повредени се 10 работници

МВР со информации за несреќата во која повредени се 10 работници

Министерството за внатрешни работи денес информира за вчерашната несреќа во Куманово, а во која повредени беа 10 работници.

Од полицијата информираат дека случајот е пријавен околу 10:30 часот дека на објект во изградба на улицата „АВНОЈ“, при изведување на градежни работи биле повредени 10 работници, Д.Т., Л.Д., Р.В., Н.С., М.Д., Л.А, А.М., О.И., Н.Ј. и С.В.

-Повредените лица биле пренесени во Општа болница Куманово, од кои на Д.Т., Л.Д., Р.В. и Н.С. им биле констатирани тешки телесни повреди, по што биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза’’, информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус