вторник, 4. август 2020. Вести денес: 190
home Хроника

МВР со детали за вооружената драма на Пластичарска

МВР со детали за вооружената драма на Пластичарска

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 33-годишниот Е.С. од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил две кривични дела, и тоа „тешки дела против општата сигурност“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниви по член 292 и 396 од Кривичниот законик.

Имено, поради претходни должничко-доверителски недоразбирања помеѓу Е.С. и синот на оштетениот, на 23.07.2020 околу 22.00 часот, Е.С. заедно со неговиот брат дошле во продажен објект во сопственост на Р.Б.  да побараат долг од 10.000 евра, износ кој според нивно кажување им ги должел синот на оштетениот. Притоа, помеѓу Е.С., од една страна, и Р.Б. и неговите два сина, од друга страна, настанала расправија, која прераснала во физичка пресметка, при што Е.С. со пиштол, кој го поседувал без дозвола, испукал два проектила и на Р.Б. му нанел две прострелни рани, по што Р.Б. бил пренесен за укажување на лекарска помош на Клиниката „Мајка Тереза“.

Коронавирус