Во текот на вчерашниот ден во 15.00 часот во Скопје на ул.„Јордан Мијалков“ во угостителски објект “Клуб станица 26“, настанал пожар, при што изгорена е внатрешноста на објектот и делумно е оштетен покривот, информираат од МВР.
И. Е., кој бил ангажиран да изврши ситни поправки на покривот, се здобил со мали изгореници и отишол во Ургентен центар-Скопје, каде му се констатирани телесни повреди, по што е пуштен на домашно лекување.
Пожарот целосно е изгаснат од екипа од БППЗ во 15.50 часот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.