среда, 22. март 2023. Вести денес: 60
home Хроника

МВР со детали за вчерашната трагедија во која почина работник, а друг е повреден

МВР со детали за вчерашната трагедија во која почина работник, а друг е повреден

Еден работник почина, а друг е повреден откако вчера биле затрупани по одронување земјиште на улица „Христо Татарчев“ во населбата Припор во Скопје, информира МВР.

Ѓ.Ѓ(57) од Скопје починал на местото на настанот, додека Ш.Ш.(52) од Куманово со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

loading...