недела, 21. јули 2019. Вести денес: 63
home Хроника

МВР со детали за вчерашната сообраќајка: Две лица загинаа, еден од нив е полициски службеник

МВР со детали за вчерашната сообраќајка: Две лица загинаа, еден од нив е полициски службеник

Министерството за внатрешни работи во полицискиот билтен ја потврди сообраќајната незгода која вчера се случи на скопската обиколница. Во неа животот го загубиле две лица, еден од нив е полициски службеник.

Вчера во 16,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколницата “Мајка Тереза“, кај клучка Приштина во правец од Тетово кон Радишани, се случила сообраќајна, информираат од полицијата. Во неа учествувале товарно моторно возило „МАН“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Н.(37) од Куманово, патничко моторно возило „Јети“, сопственост на МВР, и патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.А. (22) од Гостивар.

Двајца полициски службеници вршеле радарска контрола и го запреле возилото „БМВ“, а потоа во нив удрило товарното моторно возило. По ударот, возилото „БМВ“ се запалило. На местото на настанот починал совозачот во возилото „БМВ“, Р.А.(34) од Гостивар.

Со возило на Итна медицинска помош А.А. и двајцата полициски службеници С.Б.(37) и Г.А.(48) биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, но во болницата С.Б. им подлегнал на повредите.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.