понеделник, 20. септември 2021. Вести денес: 100
home Хроника

МВР со детали за убиството на „Рузвелтова“

МВР со детали за убиството на „Рузвелтова“

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа во 00,30 часот на улица „Франклин Рузвелт“ во Скопје, непознати лица од возило пукале во возилото „Сеат aлтеа“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле лицата Н.А.(44), Ф.Е.(19) и А.П.(49), сите од Скопје.

-На местото на настанот починал Н.А., додека другите две лица- Ф.Е. и А.П. со Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде А.П. подлегнал на повредите, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус