сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 81
home Хроника

МВР со детали за тешката сообраќајка на патот Штип- Велес во која загинаа 2 лица

МВР со детали за тешката сообраќајка на патот Штип- Велес во која загинаа 2 лица

На 03.08.2018 година околу 14,30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Штип- Велес, поточно на место викано Три чешми, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Волво“ со српски национални ознаки, управувано од С.Р. од Р.Србија, и товарно моторно возило „Мерцедес“ со штипски регистерски таблици, управувано од Р.К. (58) од с.Дамјан-радовишко.

Во незгодата на самото место починале двајцата возачи, додека двајца сопатници од товарното моторно возило „Мерцедес“ Д.Д. (22) и С.Д. (28) и двајцата од Штип се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Клиничката болница во Штип, каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител и увидна екипа од СВР- Штип и се работи на целосно расчистување на настанот.

Коронавирус