среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 148
home Хроника

МВР со детали за стравичната сообраќајната несреќа кај Идризово: Телото на починатиот предадено на обдукција

МВР со детали за стравичната сообраќајната несреќа кај Идризово: Телото на починатиот предадено на обдукција

Д.Т. (36) од скопското село Ржаничино, кој управувал товарно моторно возило влекач „ДАФ“ со скопски регистарски ознаки, излетал од коловозот по што загинал.

Како што се наведува во МВР-билтенот, вчера во 18:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека Д.Т. излетал од коловозот во скопското село Дрма, поточно на регионален пат меѓу селата Идризово и Петровец.

Возачот починал на местото на настанот.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР-Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Локални избори 2021