сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 31
home Хроника

МВР со детали за сообраќајката на Рузвелтова во која се преврте полициско возило

МВР со детали за сообраќајката на Рузвелтова во која се преврте полициско возило

Тројца полициски службеници се повредени во сообраќајна несреќа која рано утринава се случи на крстосницата од ул.„Франклин Рузвелт“ со ул.„Орце Николов“, потврдува Министертвото за внатрешни работи.

Од МВР велат дека сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко моторно возило „шкода јети“ сопственост на МВР, а управувано од К.Н. и автомобил „мицибуши спејстар“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.А.(41) од Скопје.

-Во незгодата со повреди се здобиле возачот (полициски службеник) на возилото “шкода јети“ и двајца сопатници (полициски службеници) од истото возило, по што им била укажана помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Коронавирус