четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 168
home Хроника

МВР со детали за сообраќајката на „Илинденска“: Повредени три лица, меѓу нив и бебе

МВР со детали за сообраќајката на „Илинденска“: Повредени три лица, меѓу нив и бебе

Три лица, меѓу кои и едно годишно дете се повредени во сообраќајната несреќа која вчера во 11.30 часот на се случи на булевар „Илинден“ во Скопје.

Од МВР информираат дека во сообраќајната незгода учествувале „Сеат Толедо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(36) од Скопје, „Тојота корола“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од И.Г.(45)  од село Калниште и  „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, кое било паркирано, сопственост на  Л.Д.(49) од Тетово.

-Во незгодата С.К., сопатник во возилото „Сеат Толедо“ се здобила со тешки телесни повреди и е пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Возачот М.К. и неговиот едногодишен син се здобиле со повреди и биле пренесени во Ургентен центар, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Увид извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Коронавирус