среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 151
home Хроника

МВР со детали за сообраќајката кај Градежен факултет

МВР со детали за сообраќајката кај Градежен факултет

Три лица од кои едно потешко се повредени во сообраќајната несреќа која вчера околу 14:30 часот се случи на бул.„Партизански одреди“ во Скопје.

Во несреќата учествувале мотоцикл „Априлија“, управуван од Б.А.(19) од Скопје и мотоцикл „Баотиан“ управуван од З.Л.(47) од Скопје.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил З.Л. и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Додека, со телесни повреди се здобиле Б.А. и неговиот сопатник А.М.(18) од Скопје и им била укажана лекарска помош во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Коронавирус