четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 168
home Хроника

МВР со детали за пукањето во Арачиново

МВР со детали за пукањето во Арачиново

Полициски службеници денес околу 17 часот во село Арачиново, на улица 1 запреле возило „Голф“ во кое се превезувале две лица О.М. (33) и Г.М. (20), кои се бараат со потерница за издржување на затворска казна.

-Во моментот кога полициски службеник се доближил до возилото, возачот О.М. го стартувал возилото „Голф“ наназад и го удрил полицискиот службеник. Потоа полициските службеници испукале неколку предупредувачки куршуми во воздух, но возачот на возилото „Голф“ не застанал туку удрил во друг полициски службеник, по што избегал од местото на настанот, соопштуваат вечерва од МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на О.М. и Г.М..

На двајцата полициски службеници им е укажана помош во Градската општа болница „Наум Охридски“ и се пуштени на домашно лекување.

Коронавирус