петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 146
home Хроника

МВР со детали за пронајденото безживотно тело на исчезнатиот дебарчанец

МВР со детали за пронајденото безживотно тело на исчезнатиот дебарчанец

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера бил пронајдено телото на Ф.С.(58) од Дебар, кој на 30-ти минатиот месец бил пријавен за исчезнат.

Од МВР информираат дека при преземени мерки за пронаоѓање на исчезнато лице, во 14, 30 часот во водите на река Црни Дрим, на потегот помеѓу дебарските села Таранеш и Бомово, пронајдено е безживотното тело на мажот.

На местото на настанот извршен е увид предводен од Јавен обвинител и по извршена обдукција констатирано е дека на телото нема траги на насилство.

Коронавирус